Во разузнавачката меморандум, до кој дојде „Телеграф“, се наведува дека западните воени ветерани биле регрутирани за обука на руски граѓани и активни војници во логори во Бугарија и Србија.
Проценката подготвена за разузнавачката агенција „Пет очи“ наводно открила, со „висок степен на доверба“, дека инструкторите вклучувале луѓе од различни воени и безбедносни структури, вклучувајќи ги САС, австралискиот полк командоси, американските полициски сили и американските морнарички „фоки“.
Меморандумот на австралиското разузнавање се базира на интервјуа со двајца поранешни припадници на австралиските специјални сили и еден активен резервист, кои тврдат дека им биле понудени работни места како инструктори во кампови со руски клиенти.
Во документот како клучна локација се споменува компанискиот центар „Алфа-Метал“ во Мејдени, на север од Бугарија. Кампот нуди обука за специјални сили и напредни курсеви за снајперисти по цена од околу 4.000 евра по лице, а во меморандумот се наведува дека од 2022 година, руските државјани сè уште се примаат за курсеви, вклучително и „напредна блиска борба“.
„Телеграф“ наведува и дека на веб-страницата на компанијата „Алфа-Метал“ е објавена фотографија од логото на САС, како и оглас на LinkedIn за ангажирање на ветерани од таа единица. Во огласот пишувало: „Моментално бараме искусен инструктор на САС да се придружи на нашиот тим“.
Алфа-Метал ги негираше обвинувањата и за Телеграф изјави: „Алфа-Метал категорично го отфрла тврдењето дека сме користеле или користиме поранешни членови на британските САС или други западни специјални сили за обука на руски граѓани или лица кои имаат намера да учествуваат во војната во Украина на страната на Русија. Ова тврдење е лажно.“
Компанијата, исто така, негираше врски со руската компанија „Алфа регион“, иако по истрагите ги потврди претходните професионални контакти и најави преглед на стари промотивни материјали.
Австралискиот СИС сега ги истражува наводите во меморандумот, а според извор близок до истрагата, наодите би можеле да бидат споделени со Велика Британија и САД.
„Телеграф“ нагласува дека не може независно да ги потврди тврдењата во меморандумот, додека некои извори од САС оспоруваат дека ветераните од таа единица учествувале во обуката на Русите.
