back to top
4.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Бројот на странски туристи во Македонија се зголемил за 6,9% до март годинава

Други наслови

Во март годинава во земјава се регистрирани 7.921 туристи, кои ноќевале 13.233, објави Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број туристи, 19,7% биле домашни, а 80,3% странски. Во однос на ноќевањата, 26,5% биле домашни, а 73,5% биле странски туристи.

Во периодот јануари – март 2026 година, во споредба со истиот период минатата година, вкупниот број на туристи е зголемен за 5,2%. Кај домашните туристи има зголемување од 1,3%, а кај странските туристи за 6,9%.

Вкупниот број на ноќевања е намален за 0,3%. Кај домашните туристи има намалување од 1,2%, а кај странските туристи има зголемување од 0,2%.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести