Сопругата на актерот Брус Вилис, Ема Хеминг, објави негова фотографија и емотивна порака по повод Неделата за подигање на свеста за фронтотемпоралната деменција (FTD), од која страда актерот.
Таа истакна дека Брус Вилис е движечката сила зад нејзиното вклучување во подигањето на свеста за оваа болест и обезбедувањето поддршка на семејствата што се соочуваат со деменција .
„Не можам да ја поминам Светската недела на подигање на свеста за FTD без да зборувам за Брус. Тој е движечката сила зад моето вклучување. Тој ми отвори толку многу врати во оваа работа и јас ќе продолжам да одам низ нив. Нема да дозволам неговата дијагноза да биде залудна. Знам колку би бил горд да знае дека им помага на семејствата што живеат со FTD, други форми на деменција и нивните партнери што се грижат да бидат видени и слушнати“, напиша тој во објавата.
„Во ова ново поглавје од својот живот, Брус продолжува да го гради своето наследство.
Тој е, и засекогаш ќе биде, легенда . И јас сум многу горда што сум негова сопруга.“
Нејзината објава предизвика бројни емотивни реакции и пораки за поддршка од обожавателите и јавноста, кои се со семејството на познатиот актер.
Ќерката на Брус Вилис и Деми Мур, Скаут, коментираше на објавата.
„Горда сум на тебе и Ема и ве сакам многу“, напиша таа.
