back to top
13.8 C
Skopje
недела, 27 септември , 2026

Бруталната закана од Иранската гарда: Имаме американски цели на нишан, чекаме наредба за пукање

Други наслови

Командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) денес објави дека тие насочиле ракети кон американски цели во регионот и чекаат наредба за истрелување.

„Ракетите и беспилотните летала на ИРГК ги таргетираат американските цели во регионот и непријателските бродови на агресорите. Чекаме наредба за пукање“, изјави генералот на ИРГК, Сејед Маџид Мусави, како што објави агенцијата ИРИБ.    

Повикувајќи се на извори од иранската војска, „Тасним“ претходно денес објави дека конфликтите во Персискиот Залив се прекинати, но дека тие би можеле да продолжат доколку Соединетите Американски Држави продолжат да им предизвикуваат проблеми на иранските бродови.   

 „По непријателските дејствија на американските терористи против иранските танкери за нафта, иранската морнарица изврши напади како одговор на кршењето на прекинот на огнот и како одговор на американскиот тероризам“, рече изворот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести