back to top
13.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Бурата Клаудија ја опустоши Европа, во овие земји е најлоша: Маж загина додека спасуваше сосед

Други наслови

Најмалку три лица загинаа, а неколку се водат како исчезнати откако бурата Клаудија опустоши дел од Европа . Во Франција, десетици пожарникари бараат маж кој бил однесен од порој. Во Италија, екстремни временски услови го погодија централниот и северниот дел од земјата , каде што властите прогласија вонредна состојба и ги затворија училиштата.

Застрашувачките сцени се снимени во департманот Ардеш во Франција. Алармиран од покаченото ниво на реката, пензионерот се симнал да го помести својот автомобил. Сепак, пороите го однеле возилото, а и сопственикот паднал во водата. Веднаш била започната голема операција, во која учествувале 60 пожарникари, дрон и десет нуркачи. Сепак, телото на жртвата не е пронајдено, а спасувачите веруваат дека шансите тој да е сè уште жив се исклучително мали.

Проблеми се појавија во департманот Дром, каде што огромен бран кал го зафати градот со 2.000 жители. На тоа место за два дена наврна дожд колку два месеци.

Во регионот Фриули во Италија, се урна рид и уништи три згради. Тони земја проголтаа 83-годишна жена и 32-годишен маж. Сведоците рекоа дека мажот починал додека се обидувал да ја спаси.

Низ целата област, неколку градови беа поплавени од надојдените реки. Повеќе од 300 луѓе беа евакуирани со чамци или спасени со хеликоптери од покривите на куќите каде што се засолниле.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести