back to top
14.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Вака изгледа ќерката на Есма Реџепова! Пејачката посвои 47 сина и само едно девојче: Таа тргна по стапките на својата мајка (фото)

Други наслови

Легендарната пејачка на ромска музика, Есма Реџепова, почина во 2016 година на 73-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.

Покрај богатото музичко наследство, таа остави зад себе и 48 посвоени деца.

47 синови

Заедно со нејзиниот починат сопруг, Стево Теодосиевски, таа посвои дури четириесет и седум сина , а во 2012 година одлучи да посвои ќерка за прв пат во животот, која пејачката ја сметаше за свој музички наследник.

– Не е тајна дека Стево и јас не можевме да имаме свои деца. Но, преку бракот, се реализиравме себеси како родители повеќе од другите.

– Има жени кои родиле десет или дванаесет деца, но мислам дека сум единствената на светот која е мајка на четириесет и седум сина – изјави таа еднаш за списанието „Hello“.

Ќерката на Есма Реџеп

Единствената ќерка

Ќерката на Есма Реџепова, Еленора Мустафовска, тргна по стапките на својата мајка.

Студирала соло пеење на Универзитетот ЕСРА во Скопјe, а пред три години се приклучила на семејната група „Есма бенд“.

Починатата кралица на ромската музика имаше кариера долга 55 години , а од 2013 година ја носи титулата национален уметник на Македонија.

– Се сложуваме одлично, исто како мајка и ќерка. Сфатив дека во подоцнежните години е подобро да имам женско дете со мене отколку машко дете и не се погрешив – рече тогаш Есма.

Елеонора студирала на Универзитетот ЕСРА во Скопјe. Три години е членка на „Есма бенд“, која ме следи – зборуваше Есма за нејзината Елеонора.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести