Рускиот претседател Владимир Путин денес гласаше онлајн на изборите за Државната дума, од својата канцеларија во Кремљ.
Рускиот претседател го избра електронскиот метод на гласање по шести пат , пренесува „Спутник“ и потсетува дека првпат гласал онлајн на претходните избори за Државната дума во септември 2021 година.
Една година подоцна, тој гласаше на тој начин на изборите за општински пратеници, а во 2023 година на изборите за градоначалник на Москва.
Во март 2024 година, тој гласаше онлајн на претседателските избори, додека во септември истата година гласаше на изборите за Градската дума во Москва од својата резиденција во Нови Огарјово.
Денес во Русија започнаа тридневните парламентарни избори, на кои жителите на самопрогласените Донецки и Лугански Народни Републики, како и на Запорожјето и Херсонското подрачје, ќе гласаат за прв пат по приклучувањето кон Русија. Гласањето ќе трае од 18 до 20 септември, а Централната изборна комисија (ЦИК) најави зголемени безбедносни мерки, објави Спутник.
Руските граѓани избираат вкупно 20.700 пратенички мандати и изборни позиции.
Путин претходно ги нарече изборите за Државната дума најважниот внатрешнополитички настан во земјата.
