ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ и лидерот на партијата Венко Филипче дека се во тотален хаос и дека работат без јасна стратегија и концепт.
Во соопштението на партијата се вели дека Филипче „декларира дека е проевропски ориентиран, но всушност е без насока и стратегија, обидувајќи се да ја скрие паниката и нервозата поради падот на неговиот рејтинг“, и дека се обидува да се претстави како арбитер на европскиот пат без да поставува црвени линии.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Филипче е подготвен за уставни измени „веднаш, без услови и без гаранции дека ова ќе биде последната пречка за државата“, оценувајќи дека ова претставува продолжување на политиката на отстапки.
„Венко Филипче е подготвен да ги распродаде националните интереси исто како неговиот ментор Заев, само за да го задржи своето место и да дојде на власт. Филипче отворено декларира подготвеност за уставни измени веднаш, без услови и без гаранции дека ова ќе биде последната пречка за државата. Ова е продолжение на истата политика на отстапки како Зоран Заев и другите кои, поради својата сервилност, ја доведоа Македонија во ситуација каде што се соочува со блокада на патот кон ЕУ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата дополнително го обвини Филипче за манипулирање со јавноста преку, како што велат, измислување изјави од европски претставници, и дека СДСМ „со месеци шири лаги“ во врска со средствата од ИПАРД програмата.
