back to top
25.8 C
Skopje
понеделник, 21 септември , 2026

Германија го забрзува издавањето дозволи за изградба на станови

Други наслови

Германските власти издадоа 22.500 дозволи за станбена изградба во јули, што е за 1,9 проценти повеќе во однос на 12 месеци претходно.

Тоа е охрабрувачки сигнал за долго-бавната станбена изградба, бидејќи бројките го потврдуваат трендот од првата половина од годината, според Дестатис.

Во првите шест месеци, бројот на одобренија се зголемил за нешто повеќе од 15 проценти, што е највисоко во последните 10 години, а од јануари до јули, со 148.000 дозволи за изградба на нови или адаптација на постојни згради, се зголемил за 13 проценти на годишно ниво, односно за 17.000.

Се проценува дека на Германија ѝ недостасуваат околу еден милион станбени единици, особено во поголемите градови, каде што побарувачката далеку ја надминува понудата. Дури и со забрзаното одобрување на проектите, проблемот продолжува бидејќи повеќе станови никнуваат во руралните средини отколку во урбаните средини, пишува dpa.

Во првите седум месеци од 2026 година, бројот на дозволи за изградба на семејни куќи се зголеми на 27.900, односно за десет проценти. Во најважната категорија, станбени згради, одобрена е изградба на 79.700 станбени единици, што е повеќе од 15 проценти во споредба со истиот период од претходната година.

Податоците се во согласност со прогнозите. Водечкиот германски економски институт, Ифо со седиште во Минхен, неодамна посочи дека расположението во секторот за домување се подобрило.

„Градежните компании почнуваат да ја гледаат светлината на крајот од тунелот“, велат од институтот. „Издавањето повеќе дозволи го поттикнува очекувањето за подобар бизнис во наредниот период“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести