back to top
14.8 C
Skopje
понеделник, 21 септември , 2026

Германскиот министер за надворешни работи доаѓа во Скопје на разговори за Берлинскиот процес

Други наслови

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул, ќе пристигне во Скопје на 18 ноември, во рамките на неговата неколкудневна посета на земјите од Западен Балкан, соопшти германската амбасада во земјава.

Вадефул ја започнува својата турнеја низ регионот на 16 ноември и, покрај Скопје, ќе ги посети и Сараево, Подгорица, Тирана, Белград и Приштина.

Шефот на германската дипломатија ќе биде придружуван од пратеници на германскиот Бундестаг.

„Посетата доаѓа по состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес и нагласува дека земјите од Западен Балкан претставуваат приоритет во надворешната политика на Германија“, велат од германската амбасада.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести