back to top
4.8 C
Skopje
недела, 4 октомври , 2026

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО РУСКАТА АРМИЈА Путин потпиша нов закон

Други наслови

Од 2026 година, руските воени униформи ќе мора да се произведуваат исклучиво во Русија, објави рускиот претседател Владимир Путин. Тој исто така најави дека до 2027 година сите материјали за изработка на униформи ќе се произведуваат од домашно произведени ткаенини, пренесува РИА Новости.

Путин им наложи на владата, Министерството за одбрана и Министерството за индустрија и трговија да преземат конкретни чекори за да обезбедат од 1 јануари 2026 година воените сили да бидат снабдени со облека и опрема произведени од руски компании.

Во соопштението се наведува дека овој чекор е клучен за намалување на зависноста од странски производители.

Како дел од оваа иницијатива, беше наредено реструктуирање на државниот систем за склучување договори за набавка на униформи, со цел да се овозможи поефикасно и независно производство во земјата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести