back to top
7.8 C
Skopje
недела, 18 октомври , 2026

Голем пожар избувна во Радовиш, при што изгореа фабрика и машини

Други наслови

Голем пожар избувна синоќа во Радовиш во просторот на поранешниот „Декортекс“.

По повеќе од шест часа, големиот пожар што избувна синоќа во Радовиш во просторот на поранешниот „Декортекс“, каде што изгоре магацин и механизација, е изгаснат, соопшти Противпожарната и спасувачка служба на Радовиш.

Според информациите од радовишките пожарникари, неколку пожарникари вдишале чад и се здобиле со полесни изгореници додека се обидувале да го изгаснат пожарот, но сите оние кои учествувале во напорите за гаснење на пожарот се добро.

Пожарот го изгаснале пожарникари од Противпожарната служба Радовиш, додека на помош биле повикани пожарникари од Струмица, како и доброволната противпожарна чета од Конче.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести