Од 19 до 25 октомври во Србија се регистрирани 7.336 заболувања слични на грип, соопшти денес Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.
Интензитетот на активноста на вирусот на грип е на основно ниво, под прагот на епидемија, додека трендот на инциденца е во пораст во споредба со претходната недела.
Во оваа, како и во претходните недели, највисоки стапки на заболеност се регистрирани во возрасните категории на деца под четири години и деца од училишна возраст.
Од почетокот на октомври се регистрирани девет лабораториски потврдени случаи на грип, додека оваа недела се пријавени три лабораториски потврдени случаи на грип – тип AH1pdm09 кај пациенти од териториите на Браничевскиот и Колубарскиот округ и тип А кај пациент од територијата на Рашкиот округ (јурисдикција на Заводот за јавно здравје Краљево).
