back to top
27.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Голите фустани ја освоија Мет Гала: Погледнете ги најсмелите изгледи од модниот настан на годината (фото)

Други наслови

Овогодинешната Мет Гала уште еднаш потврди дека модата и уметноста одат рака под рака. Дрес-кодот за вечерта беше „Модата е уметност“, а многу познати дами на црвениот тепих избраа да го покажат ова преку голи фустани.

Вклучувањето на човечкото тело како дел од самата демонстрација за дрес код покажа како навистина нема граници помеѓу модата и перформансите.

Црвениот тепих беше полигон за проба на смели и импресивни изгледи – од проѕирни фустани до стратешки кроени креации кои го претвораа телото во платно.

Ѕвезди како Кендал Џенер, Ирина Шајк и Џиџи Хадид ја донесоа оваа тема на голема врата, претворајќи ги своите комбинации во вистински уметнички перформанс.

Џиџи Хадид (Фото: Ројтерс)

Секој фустан беше внимателно дизајниран, балансирајќи помеѓу екстравагантност, елеганција и концептуален израз.

Терминот „гола облека“ се однесува на парче облека кое е намерно дизајнирано да изгледа речиси транспарентно или многу минимално, со цел да се создаде впечаток на голотија, иако технички го покрива телото.

Симон Ешли (Фото: Ројтерс)

Ослонувајќи се на овогодинешниот дрес код, Ким Кардашијан соработуваше со британскиот уметник Ален Џонс за да создаде светло портокалова комбинација.

Џиџи Хадид ја покажа својата долна облека под проѕирен фустан од „Миу Миу“, а една од највпечатливите креации на вечерта беше онаа што ја носеше пејачката Доечи. Дизајнирана е од Марк Џејкобс, а на тепихот пристигна боса.

Симон Ешли носеше креација од Стела Мекартни, а Бијонсе, која беше домаќинка на Мет Гала, носеше фустан по мерка од Оливие Рустенг.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести