back to top
14.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Го прашаа Трамп што ќе се случи ако Зеленски не го прифати неговиот мировен план: Ова е неговата порака

Други наслови

Американскиот претседател 
Доналд Трамп изјави дека мировниот план на САД презентиран на Украина не е конечна понуда за прекин на војната со Русија.

„Не, тоа не е мојата последна понуда. Би сакале да имаме мир. Требаше да се случи одамна“, им рече Трамп на новинарите.

„Војната во Украина со Русија никогаш не требаше да се случи. Да бев јас претседател, никогаш немаше да се случи. Се обидуваме да ја завршиме. На еден или друг начин мора да ја завршиме“, додаде тој.

На прашањето на новинарот на Си-Ен-Ен, Кевин Липтак, што ќе се случи ако украинскиот претседател Володимир Зеленски не го прифати планот до четврток, Трамп одговори: „Тогаш може да продолжи да се бори со сето свое срце”.

Трамп го кажа ова додека се подготвуваше да замине на состанок со поранешниот професионален голфер Џек Никлаус на голф теренот „Џоинт Бејс Ендрус“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести