back to top
4.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Го препознавате ли Џеф Безос пред богатството и аферата? Мускулестиот тип изгледаше сосема поинаку (фото)

Други наслови

Сопругата на милијардерот Џеф Безос, Лорен Санчез Безос, често го привлекува вниманието на јавноста поради бројните естетски промени, а многумина ја нарекуваат „љубителка на пластика“. Сепак, таа не е единствената што поминала низ драстична трансформација – самиот Безос изгледа речиси непрепознатливо во споредба со фотографиите од крајот на деведесеттите и почетокот на 2000-тите.

Некогаш слаб, ќелав и повлечен, основачот на Амазон сега е силен, мускулест и самоуверен милијардер. Промената на изгледот, според медиумите, е дел од неговата посветеност на физичкиот тренинг – мотивирана од љубовната приказна со Лорен Санчез, со која е во врска од 2018 година, додека сè уште беше во брак со Макензи Скот.

Џеф Безос во младоста

Личниот тренер Вес Окерсон, познат по соработката со познати личности како Том Круз, Џерард Батлер и Исла Фишер, ја дизајнираше програмата со фокус на лесни тежини, висок отпор, трчање по угорници и спуштања, веслање и кајакарење. Овој режим гради сила, издржливост и го прави Безос да изгледа целосно трансформиран денес од неговите помлади години.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести