Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување, Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 милиметри и тежина од 13,6 килограми, која беше пронајдена на брегот на Дојранското Езеро.
Како што објави Дирекцијата, гранатата датира од Првата светска војна и била наменета за хаубица М14.
Според нив, вакви неексплодирани направи најчесто се наоѓаат во регионите на Дојран, Гевгелија, Битола и Охрид.
