back to top
16.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

Дали е опасно да се лиже капакот на пудинг? Одговорот може да ве изненади

Други наслови

Многи луѓе се предупредени уште од детството дека не треба да го лижат капакот од пудингот бидејќи тоа може да биде штетно. Но, дали оваа навика е навистина опасна по здравјето или е само уште едно предупредување што се пренесува од генерација на генерација?

Во секојдневниот живот сме изложени на алуминиум од различни извори, вклучувајќи храна, садови, лекови и козметички производи. Проблем може да се појави со долготрајно внесување на големи количини бидејќи алуминиумот може да се акумулира во телото и негативно да влијае на здравјето.

Според податоците од германските организации за заштита на потрошувачите, алуминиумот може да се најде природно во разни прехранбени производи. Повисоки концентрации се забележани, меѓу другото, во зачини, чај, школки, маслодајни семиња, какао и производи од какао како што е темното чоколадо.

Посебна претпазливост се препорачува кога алуминиумот доаѓа во контакт со кисела или многу солена храна, бидејќи во такви услови металот може полесно да се пренесе на храната. На пример, не се препорачува складирање на кисела или солена храна во незаштитени алуминиумски садови или фолија подолг временски период.

Значи, дали е безбедно да се лиже капакот од пудингот?

И покрај сето ова, повременото лижење на капакот од пудинг не треба да претставува ризик по здравјето поради алуминиумот. Ваквите капаци најчесто се направени од алуминиум, но имаат тенок заштитен слој одвнатре што спречува директен контакт на храната со металот.

Бенџамин Шилер од Канцеларијата за хемиско и ветеринарно тестирање во Штутгарт (CVUA) објаснува дека теоретски може да се појави проблем ако овој заштитен слој е оштетен, на пример со стружење со лажица.

„Ако пластичниот слој е оштетен со стружење со лажица или лижење, алуминиумот може да почне да се ослободува од капакот“, изјави Шилер за Ökotest.

Сепак, количината на алуминиум што може да се ослободи на овој начин е толку мала што не претставува значителен ризик по здравјето. Поголемата причина за претпазливост е всушност многу поедноставна – работ на капакот може да биде остар. Ако капакот е свиткан или оштетен, може да ви го исече јазикот или усната.

Значи, ако како дете ви било кажано дека не треба да го лижете преостанатиот пудинг од капакот бидејќи ќе добиете „труење со алуминиум“, нема вистинска причина за таков страв. Многу пореална опасност е мала, но непријатна исеченица на остриот раб на капакот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести