back to top
14.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Дали сè се враќа на почеток? Иран вели дека Ормуз ќе остане затворен додека не заврши израелската агресија врз Либан

Други наслови

Извор близок до преговарачкиот тим на Иран изјави дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен сè додека израелските акции во Либан не бидат ставени под контрола, нагласувајќи дека самото укинување на поморската блокада нема да биде доволно за повторно воспоставување на пловидбата низ овој стратешки важен воден пат.

„Доколку израелските злосторства во Либан продолжат и доколку територијалниот интегритет на Либан не биде загарантиран, нема да има преговори за други прашања. Како што е конкретно наведено во точка 13 од Меморандумот за разбирање од Исламабад, неуспехот на Соединетите Американски Држави да ја исполнат својата обврска според точка 1 значи дека точка 5 нема да биде имплементирана, што имплицира дека Ормускиот теснец нема да биде повторно отворен“, изјави извор близок до преговарачкиот тим на Иран за Тасним во неделата.

Според добро информиран извор, ослободувањето на дел од иранските средства предвидени во меморандумот за разбирање, како и постигнатиот договор со Катар во оваа почетна фаза, заедно со спроведувањето на точка 1, која се однесува на крајот на војната на сите фронтови, вклучително и на Либан, целосно укинување на блокадата и издавање ослободувања за продажба на иранска нафта, петрохемиски производи и нивни деривати, се условите за повторно отворање на Ормутскиот теснец.

„Само укинувањето на поморската блокада против Иран не е доволно за повторно отворање на Ормускиот теснец во согласност со точка 5“, заклучи изворот.

Претседателот Доналд Трамп денес изјави дека Соединетите Американски Држави би можеле да ја преземат контролата врз Ормутскиот теснец доколку не постигнат договор со Иран, а упати и закани до иранската делегација што преговара во Швајцарија.

„Можеби ќе ја преземеме контролата врз теснецот доколку биде потребно. Ако не постигнат договор, ќе наплатиме за премин“, рече Трамп за време на 20-минутниот телефонски разговор со Фокс њуз.

Според дипломат запознаен со преговорите, разговорите меѓу американските и иранските претставници во Швајцарија се фокусирале на војната во Либан, блокираниот Ормутски теснец и залихите од нуклеарен материјал на Иран.

Дипломатот за Си-Ен-Ен изјави дека состаноците започнале како „отворен дијалог со многу искреност“.

Учесниците, исто така, дискутираат за структурата на 60-дневниот преговарачки период започнат со меморандумот за разбирање од 14 точки потпишан од Техеран и Вашингтон минатата недела.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести