Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска со фејсбук статус му одговори на актуелниот граноначалник Орце Ѓорѓиевски за неговите обвинувања дека 500 вработени земале плата а не оделе на работа, како и дека градот има долг над 300 милиони евра. Објавата ви ја пренесуваме во целост:
🖖 Кога се лаже се држат рачињата во формација извежбана од медот 😂
📋 Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш.
☑️ Исто и со име и презиме да ги објавиш сите 500 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. 3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници.
🗞️ Нека не ти пишува Луке соопштенија за да се пресметуваш, ниту твоите полусветови ботовски да ме навредуваат, бидејќи знае народ дека лажеш.
📺 Ако сакаш како МАЖ да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење.
