back to top
8.8 C
Skopje
вторник, 10 ноември , 2026

Два авиона речиси се судрија во воздух по полетувањето од аеродромот во Лос Анџелес

Други наслови

Американските власти започнаа истрага откако два авиона речиси се судрија во воздух кратко по полетувањето од Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес (LAX) за време на викендот.

Инцидентот се случил во саботата, околу 00:20 часот, кога, според Федералната администрација за воздухопловство (FAA), летот 28 на Ер Франс направил „неовластено свртување“ по полетувањето од аеродромот

Како резултат на тоа, авионот влегол во траекторијата на друг авион, кој полетал од паралелна писта, објавува „Телеграф“.

Според аудио снимките од комуникацијата меѓу контролорите на летање и пилотите, контролорите веднаш реагирале барајќи од авионот на „Ер Франс“ да сврти десно и да се врати на почетната траекторија.

Во исто време, од пилотите на летот 1660 на „Американ ерлајнс“, кој бил на пат кон Далас, било побарано да ја намалат висината за да избегнат евентуален судир.

По инцидентот, контролорите на летање постојано ги прашуваа пилотите на „Ер Франс“ што се случило и зошто отстапиле од нивната закажана траекторија за полетување. Сепак, речиси 20 минути, се чинеше дека не добија јасен одговор.

„Ми треба одговор. Која беше траекторијата на полетување што контролната кула ви наложи да ја следите?“, се слуша како контролорот на летање го прашува пилотот на Ер Франс.

Властите го класифицираа случајот како „можно отстапување од упатствата на пилотите“, додека се очекува истрагите да ги разјаснат сите околности на инцидентот. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести