back to top
20.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Диви свињи на прошетка низ улиците на Водно

Други наслови

Снимка на која се гледаат три диви свињи како се движат низ населбата Водно е споделена на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.

„Диви свињи шетаат во населба Водно, снимено синоќа околу 19:30 часот на улица ‘Питу Гули’, карши Тинекс“, напиша Гоце Бурзески, кој ги видел дивите животни.

На видеото се забележува како се движат по улицата, во близина на станбени објекти, што повторно го отвори прашањето за појавата на диви животни во урбани средини и безбедноста на граѓаните.

Засега нема информации за пријавена штета или интервенција од надлежните служби.

Видеото, кое го објави „Шило Магазин“ на Фејсбук, е снимено од автомобил во движење, а на него може да се видат четирите прасиња како се движат едно позади друго.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести