back to top
24.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Додека неговото семејство се распаѓа, тој слави со својата сакана: Ова е новиот скандал на младиот Бекам

Други наслови

Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц имаа голема причина за славење, а токму за што станува збор открија на Инстаграм.

Бруклин Бекам и Никола Пелц ги обновија своите брачни завети пред точно една година , а сега ја слават годишнината од тој момент во нивните животи. Бруклин објави фотографија со сопругата на својот Инстаграм, а објавата беше придружена со 
емотивна порака .

Истата фотографија ја објави и Никола, а на неа се гледаат вљубени птици како пијат вино и уживаат во еден момент.

Судејќи според фотографиите, двојката беше решена да носи лежерна облека и да му упати блескава насмевка на непознатиот фотограф.

„Среќна годишнина, Никола, не можам да ти опишам колку те сакам. Ти си мојот најдобар пријател и те сакам повеќе од сопствениот живот. Среќен сум што можам да те наречам „сопруга“ и дека си моја принцеза. Ветувам дека секогаш ќе те заштитувам“, заклучи тој.

Додека неговото семејство се распаѓа, тој слави со својата сакана: Ова е новиот скандал на младиот Бекам ФОТО

Да ве потсетиме дека Бруклин и Никола ги обновија своите брачни завети на 2 август минатата година. Извор близок до двојката тогаш за списанието „Пипл“ изјави дека сакаат да ја прослават љубовта и врската што ја изградиле низ годините. 

И додека љубовта меѓу нив двајца цвета, семејството на Бруклин се обидува со сите сили да го задржи својот јавен имиџ по уште еден скандал .

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести