Домашниот пијалак од ѓумбир или шот од ѓумбир е едноставен, здрав и многу корисен пијалак кој брзо ќе ви ја зголеми енергијата, ќе ви го зајакне имунитетот и ќе ви ја подобри општата состојба.
Овој пијалок стана вистински хит меѓу љубителите на здравата исхрана, бидејќи во концентрирана форма носи многу придобивки за телото.
Ѓумбирот е познат по своите антиинфламаторни и антиоксидантни својства, помага во зајакнување на имунитетот , го намалува гадењето и ги ублажува дигестивните проблеми. Неговиот остар вкус го освежува телото и умот, што го прави совршен за почеток на денот или природна поддршка за време на сезоната на настинки и грип.
Потребно е:
- 100 г свеж ѓумбир
- сок од два лимона
- 2 лажици мед (или по вкус)
- 200 мл вода
Подготовка:
Исчистете го и исечкајте го ѓумбирот на помали парчиња (не треба да го лупите ако е органски). Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не добиете мазна смеса.
Процедете низ ситно цедалка или газа за да ги отстраните сите влакна . Истурете го подготвениот пијалок во шише и чувајте го во фрижидер до една недела, пишува Okusno.je.
Кој не треба да зема ѓумбир?
И покрај сите овие добри својства, ѓумбирот сепак може да предизвика несакани ефекти, па затоа не треба да се консумира во прекумерни количини, објавува порталот „Мис Здрава“ .
- Луѓе со улцерозен колитис – луѓето со воспалително заболување на цревата можат да имаат многу непријатни симптоми ако земаат големи количини ѓумбир.
- Луѓе со нарушувања на крварењето – ѓумбирот ја стимулира циркулацијата и го зголемува крвниот притисок.
- Бремени жени – треба да го избегнуваат бидејќи може да предизвика грчеви во матката. На бремените жени особено им се препорачува да не консумираат чај од ѓумбир во последните две недели од бременоста.
- Пред операција – бидејќи може да предизвика пообилно крварење.
- Луѓе кои земаат одредени видови лекови – ова особено се однесува на лекови за срце, антихистаминици , лекови за рак и лекови за слабеење. Доколку земате лекови, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.
