back to top
13.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Дончиќ нема да игра за Словенија за првпат во кариерата: Моите ќерки се на прво место, ќе го поминам ова лето со нив

Други наслови

Еден од најдобрите кошаркари во светот, Лука Дончиќ, објави дека нема да игра за репрезентацијата на Словенија оваа година.

Дончиќ е надвор од терените во последните неколку недели поради повреда, но тоа не е причината зошто Словенија ќе мора да игра без него во 2026 година.

Како што објави во својата Инстаграм приказна, тој одлучил да го направи овој потег за да им се посвети на своите ќерки Габриела и Оливија по бурната раскинување со неговата свршеница Анамарија Голтес.

„Ги сакам моите ќерки повеќе од сè и тие секогаш ќе ми бидат на прво место во животот. Иако сега продолжувам да работам на заедничко старателство над моите ќерки, бев принуден да донесам тешка одлука помеѓу патување и играње за словенечката репрезентација и поминување на ова лето со нив. За жал, изминатите осум месеци беа исклучително тешки за мене да ги видам. Дадов сè од себе претставувајќи ја Словенија и разочаран сум што нема да можам да играм за мојата земја ова лето. Но, во моментов, моите ќерки и моите одговорности како татко се мој приоритет“, објасни Дончуќ својата одлука.

Ова ќе биде прв пат во кариерата на Лука да пропушти репрезентативно лето кога има можност да игра, во кое фокусот е на квалификациите за Светското првенство во кошарка во 2027 година.

Во јули, Словенија ќе има натпревари со Естонија и Шведска, а добрата вест за Словенците е што имаат скор од 3-1, и се многу блиску до квалификации за Светското првенство дури и без Дончиќ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести