Канадскиот рапер Дрејк повторно го привлече вниманието на јавноста откако стихот „Pray for Gaza“ се појави во една од неговите нови, но сепак необјавени песни.
Стихот може да се слушне во новиот визуелен проект на Дрејк „Fomo“, чија премиера беше на 15 септември. Според извештаите на музичките медиуми, моментот се појавува околу 17:47 минута.
Ова не е првпат името на Дрејк да се поврзува со повици за прекин на огнот. Во 2023 година, тој беше меѓу потписниците на отвореното писмо на „Artists4Ceasefire“, во кое се повикуваше на деескалација на насилството и прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.
Затоа, неговата нова песна брзо привлече внимание на социјалните мрежи, каде што слушателите ја толкуваа пораката различно.
Моментално е непознато дали Дрејк ќе ја објави песната во целост или кога тоа би можело да се случи. Исто така, не е потврдено на што точно се однесува фразата во контекст на песната.
