back to top
14.1 C
Skopje
среда, 14 октомври , 2026

Дурмиши: Над 40 милиони евра за нови работни места, претприемништво и обука

Други наслови

Владата на Република Северна Македонија, на последната седница, го одобри Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, со кој се обезбедуваат над 2,4 милијарди денари, или повеќе од 40 милиони евра, за поддршка на вработувањето, претприемништвото и развојот на човечкиот капитал.

На денешната прес-конференција, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, и директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Аднан Ејуп, ги презентираа мерките и програмите предвидени со Планот, кој оваа година ќе опфати повеќе од 10.000 граѓани.

Министерот Дурмиши нагласи дека Оперативниот план претставува една од најважните економски и социјални политики на Владата, која има за цел создавање нови работни места, поддршка на младите луѓе, развој на претприемништвото и обезбедување поголема вклученост на ранливите категории граѓани на пазарот на трудот.

„Со овој план, инвестираме директно во луѓето. Обезбедуваме конкретна поддршка за млади луѓе кои сакаат да започнат сопствен бизнис, за компании кои отвораат нови работни места, за луѓе на кои им се потребни нови вештини и квалификации, како и за ранливи категории граѓани. Нашата цел е економскиот раст да се претвори во нови работни места и подобар животен стандард.“

Посебен акцент во Оперативниот план е ставен на развојот на претприемништвото и самовработувањето. За таа цел, предвидена е поддршка за над 2.000 лица преку мерки за самовработување, вклучувајќи млади лица до 29 години, лица над 29 години и здружување на корисници во трговско друштво. Преку овие мерки се обезбедуваат грантови до 615.000 денари за основање сопствен бизнис, како и поддршка до 1.230.000 денари за здружување на повеќе корисници во заеднички бизнис. Со овие средства, Владата инвестира директно во отворање нови компании, промоција на претприемачкиот дух и создавање нови работни места, особено кај младите, како и средства за практиканти, обука за дефицитарни професии, јавни работи, економија на грижа и дополнителни бенефиции за младите“, нагласи министерот Дурмиши. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести