До крајот на ноември, Скорпиите може да имаат чувство дека губат сè што изградиле долго време. Ретроградниот Меркур во овој знак ги враќа старите проблеми, отвора прашања што долго време биле туркани под тепих и носи конфронтација со последиците од претходните одлуки.
Скорпиите би можеле да се соочат со сериозни прашања, особено кога станува збор за пари, работа и љубовни врски. Она што до вчера изгледаше стабилно, сега може да почне да се тресе.
Некои припадници на овој знак би можеле да доживеат разочарување од личноста на која безрезервно ѝ верувале, додека други ќе сфатат дека вложиле премногу енергија во нешто што не им носи никаква сигурност .

Ретроградната Венера во Вага дополнително ги враќа старите емоционални товари, тајни и недовршени приказни. Скорпиите ќе мора да се откажат од одредени очекувања, врски или планови за да направат место за нов почеток.
Сепак, астролошки гледано, ова не е нужно период на конечна загуба, туку време на големо прочистување. До крајот на ноември, Скорпиите може да го изгубат она што повеќе нема цврста основа, но токму така ќе добијат можност да изградат нешто многу постабилно.
