back to top
4.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Едноставен рецепт за качамак: Традиционално јадење кое никогаш не излегува од мода

Други наслови

Качамак е традиционално селско јадење направено од пченкарно брашно и е појадок што секогаш ќе ни ги радува стомаците. Топол качамак со сирење, има ли нешто подобро? Ви носиме едноставен рецепт за ова древно јадење што им ги враќа најубавите спомени од детството на многумина.

Состојки:

1 литар вода
2-3 лажички сол
300 г бело пченкарно брашно
исечено сирење

Подготовка:
Истурете еден литар вода во тенџере и ставете го на највисока температура. Кога водата ќе зоврие, додадете сол и намалете ја температурата. Додадете го брашното мешајќи постојано со дрвена лажица. Варете го качамакот додека качамакот не стане доволно густ. Готов е кога ќе забележите дека дрвената лажица остава трага на дното од тавата. Сервирајте го качамакот со рендано сирење или со цели парчиња.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести