Украинскиот олигарх Вадим Јермолаев беше повреден во експлозија што потресе станбена зграда во Монако. Властите велат дека осомничениот активирал експлозивна направа и избегал, а истрагата е во тек.
Украинскиот олигарх Вадим Јермолаев е еден од тројцата повредени во експлозијата што се случи во понеделник вечерта во станбена зграда во Монако , додека осомничениот е во бегство , соопштија властите денес.
Според извор близок до истрагата, Ермолаев е меѓу повредените во инцидентот во кој две лица се тешко повредени , додека едно 13-годишно момче се здобило со полесни повреди, објави порталот „Франс 24“. Според обвинителството на Монако поставил торба или пакет во лобито на станбената зграда пред да ја активира експлозивната направа и да избега од местото на настанот.
🇲🇨 A bomb packed with bolts and metal shot tore through the lobby of a luxury building in Monaco tonight, injuring sanctioned Ukrainian oligarch Vadym Yermolaiev and his family.
— DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) June 29, 2026
A man was caught on CCTV dropping a backpack at the entrance around 9 PM before fleeing toward the… pic.twitter.com/pYgD8AHVOZ
Принцот Алберт Втори го осуди нападот, нарекувајќи го „грозоморно злосторство“ и рече дека безбедноста во Кнежевството ќе остане приоритет . Властите објавија дека ова е прв ваков инцидент во историјата на Монако и дека е во тек интензивна истрага во соработка со француските безбедносни служби.
Осомничениот е идентификуван на снимката од надзорната камера и е виден како ја напушта областа и се движи кон соседниот француски град
Босолеј . Повредените се префрлени во болниците во
Ница . Истрагата за мотивите на нападот е во тек, а безбедносните мерки во Монако се зголемени.
