back to top
14.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

Ерменија се најде под невиден притисок, од Русија пристигна јасен ултиматум: Или ЕУ или ЕАЕУ

Други наслови

Претседателите на Русија, Белорусија, Казахстан и Киргистан издадоа заедничка изјава до јавноста по состанокот на Евроазиската унија (ЕАЕУ), а се чини дека посебен притисок е извршен врз Ерменија.

Во соопштение за медиумите, овие земји бараат од Ерменија да распише референдум за приклучување кон Европската Унија.

„Ја споделуваме позицијата за потребата од што е можно поскоро одржување национален референдум за приклучување кон Европската унија или останување во Евроазиската економска унија во Република Ерменија“, се вели во нивната заедничка изјава усвоена по самитот на ЕАЕУ во Астана.

Во документот се наведува дека учесниците на Евроазискиот меѓувладин совет ќе поднесат извештај во декември за можните последици од суспензијата на членството на Ерменија во асоцијацијата.

Владимир Путин, Александар Лукашенко, Касим-Зомарт Токаев и Садир Џапаров, исто така, ја нагласија потребата да се спречи штетата врз унијата поврзана со подготовките на Ереван за пристапување во ЕУ.

Коментирајќи ги плановите на Ерменија, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков претходно ги истакна придобивките што Ереван ги добива од членството во ЕАЕУ. Ова вклучува стабилен годишен раст и зголемување на БДП на земјата за неколку процентни поени. Исто така, постои значителна разлика во цената на европскиот и рускиот гас – првиот чини 600 долари за илјада кубни метри, додека вториот чини 177,50 долари.

„Во исто време, апсолутен приоритет на Русија останува интеграцијата во рамките на унијата, која не смее да биде поткопана од постапките на поединечните земји. Ереван веќе е законски посветен на европската интеграција. Затоа, според Песков, никој не може да ја убеди Ерменија да остане во ЕАЕУ“, беше наведено.

Путин претходно изјави дека една земја има право сама да ги избира своите партнери, но не може да биде членка на две структури истовремено. Тој ја повика Ерменија што поскоро да го реши ова прашање.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести