back to top
7.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

ЕУ „бега“ од руските енергетски компании, но паѓа во нова стапица: План вреден стотици милијарди евра паѓа во вода?

Други наслови

Планот на Европската Унија за намалување на зависноста од руските енергетски извори и забрзување на транзицијата кон чиста енергија не ги постигнува своите цели со очекуваната брзина, предупреди Европскиот суд на ревизори (ECA) во објавениот извештај.

Ревизорите наведуваат дека увозот на руска нафта значително се намалил по воведувањето на санкциите, додека увозот на гас исто така се намалил, но предупредуваат дека овој напредок не може целосно да се припише на планот REPowerEU, кој го започна Европската комисија во 2022 година, објавува Juronuz. 

Намалувањето на потрошувачката на гас беше под влијание и на благите зими, како и на намалената потрошувачка од страна на домаќинствата и компаниите поради високите цени на енергијата.

Според податоците на ЕК, увозот на руски природен гас во ЕУ е намален од 152 милијарди кубни метри во 2021 година на 36 милијарди кубни метри во 2025 година, што го намали неговиот удел во вкупниот увоз на гас од 45 на 12 проценти. 

Целосна забрана за увоз на руски течен природен гас (LNG) ќе стапи на сила на 1 јануари 2027 година, додека забраната за руски гас што се испорачува преку цевководи ќе стапи на сила во септември истата година.

ЕСА особено предупредува на недостатокот на капацитет од обновливи извори и недоволно развиената електроенергетска мрежа, особено прекуграничните врски меѓу земјите-членки.

Иако ЕУ ги зголеми капацитетите за сончева и ветерна енергија за повеќе од 200 гигавати од 2022 до 2024 година, ревизорите проценуваат дека придонесот на мерките на REPowerEU за постигнување на целта од 103 гигавати дополнителен капацитет бил занемарлив.

Ревизорите, исто така, наведуваат дека членките на ЕУ досега издвоиле само 54,3 милијарди евра од дополнителните 300 милијарди евра достапни преку фондот за закрепнување, односно помалку од една петтина од потребните инвестиции. 

Тие предупредуваат дека без изградба на домашни капацитети за чиста енергија и соодветна мрежна инфраструктура, ЕУ би можела да замени само една енергетска зависност со друга.

„Четири години по неговото лансирање, REPowerEU е во застој, иако се ставени на располагање неколку стотици милијарди евра“, рече ревизорот на ECA, Михаилс Козловс, повикувајќи на забрзување на диверзификацијата на изворите на енергија поради новите геополитички тензии и нестабилност на енергетските пазари.

Европскиот парламент и Советот на ЕУ сега преговараат за иднината на електричната мрежа на Унијата, а целта е преговорите да се завршат до крајот на годината.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести