back to top
11.8 C
Skopje
вторник, 13 октомври , 2026

ЖЕНА ОД РУСИЈА НЕВЕРОЈАТНО ЛИЧИ НА ДОНАЛД ТРАМП: Погледнете го видеото кое стана хит на социјалните мрежи (ВИДЕО, ФОТО)

Други наслови

На видеото се гледа како млад човек се приближува до жена и ја прашува дали знае дека личи на американскиот претседател.

Видео од жена од Перм, Русија, која многу личи на американскиот претседател Доналд Трамп, стана вирално на интернет.

жена од Русија.jpg

Голем број групи на социјалните мрежи во Перм објавија видео од пензионерка како стои на автобуската станица „Палата на културата на железничките работници“ во Перм, што впечатливо потсетува на Трамп.

На видеото се гледа како млад човек се приближува до жена и ја прашува дали знае дека личи на американскиот претседател.

– Извинете, но дали знаете дека личите на Доналд Трамп? – праша младиот човек.

– Па, така е! – одговара дамата и додава:

– Имаме само иста сива коса.

Во коментарите на видеата, многу корисници активно дискутираат за ситуацијата и се шегуваат за можната посета на американскиот претседател на регионалниот главен град.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести