Првиот натпревар на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави на Светското првенство против Парагвај (4:1) се претвори во првокласен општествен настан, собирајќи го во Лос Анџелес самиот крем на светскиот шоубизнис.
На трибините на преполниот стадион „SoFi“, со капацитет од 70.000 седишта, холивудската „А-листа“ ја предводеа актерот Том Круз и познатиот фудбалер Дејвид Бекам. Покрај нив, во сончевиот спектакл уживаа и визионерскиот Џорџ Лукас, актерките Хали Бери и Софија Вергара, една од најубавите жени во светот, како и актерите Роб Лоу, Овен Вилсон, Винс Вон и Џејми Фокс. Вниманието на медиумите го привлече и богатата наследничка Парис Хилтон.
Пред почетокот на натпреварот, публиката ја поздрави Џејсон Судеикис, ѕвездата од серијата „Тед Ласо“ и официјалниот амбасадор на Светското првенство во фудбал во 2026 година.
🚨 Sofia Vergara at Los Angeles Stadium for the game! 😍🌎🏆 pic.twitter.com/oKxpBwckHt
— TheGoalsZone (@TheGoalsZone) June 13, 2026
Paris Hilton at the FIFA World Cup Opening Ceremony? That's hot. ❤️🔥 pic.twitter.com/Dcs0NOkoqD
— E! News (@enews) June 13, 2026
Музичкиот дел од програмата го одбележа Кети Пери, која настапи во впечатлива сребрена тоалета, испраќајќи пораки за единство. Заедно со неа, на третата и последна церемонија на отворањето на турнирот, настапија раперката Фјучр, јужноафриканската ѕвезда Тила, тајландската пејачка Лиса, бразилската ѕвезда Анита и нигериската уметница Рема.
Изведбата на хитот „Game Time“ со кореографија со златни фудбалски топки привлече посебно внимание.
Официјалниот дел од церемонијата беше заокружен со настапите на групата „Ден + Шеј“, кои ја изведоа химната на САД, додека бендот „Пурахеи Соул“ ја отпеа химната на Парагвај.
Иако претседателот Доналд Трамп не присуствуваше на натпреварот, државниот секретар Марко Рубио беше во ВИП ложата.

