back to top
15.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Загинаа сите членови на екипажот во падот на воен авион во Русија

Други наслови

Сите седум членови на екипажот на авионот Антонов Ан-22 „Антеј“, кој се урна денес во Ивановската област во Русија , загинаа, соопшти Истражниот комитет на Русија.

Според извештаите, покрената е кривична постапка за кршење на правилата за подготовка на летот, пренесува РИА Новости.

Руските медиуми претходно денес објавија дека воен транспортен авион со седум члена на екипажот се урна во регионот Иваново, североисточно од Москва.

„Според прелиминарните податоци, авион Ан-22 се урна во регионот Иваново“, изјави утрово локален функционер, а потврдено е дека во леталото имало седум лица, пренесува агенцијата ТАСС.

Авионот Ан-22 тргна на пробен лет по поправките.

Несреќата се случила во близина на резервоарот Увод, а фрагменти од авионот биле забележани во водата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести