back to top
21.8 C
Skopje
недела, 27 септември , 2026

Зеленски го обвинува Путин дека избегнува преговори „Постојано наоѓа изговори за продолжување на војната“

Други наслови

Русија бара каков било изговор за да избегне преговори и да ја продолжи војната, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека Москва во моментов не покажува подготвеност да ги запре непријателствата.

Рускиот претседател Владимир Путин постојано наоѓа изговори за да избегне состаноци, да го отфрли трилатералниот формат и да продолжи да убива. Вака е со години и сите наши партнери го гледаат тоа. Тој постојано наоѓа изговори за војна“, рече Зеленски, пренесува украинскиот портал РБК.

Зеленски изјави дека за време на неодамнешната средба со американскиот претседател Доналд Трамп, добил впечаток дека Вашингтон ја гледа ситуацијата на сличен начин.

Според него, главната задача на меѓународната заедница е да ги промени приоритетите на Кремљ и да изврши притисок врз Русија да ја прекине војната.

– Мораме да направиме сè за Русија да сака да троши пари не за смрт, туку за други потреби и конечно да ја завршиме војната – рече Зеленски.

Тој додаде дека Украина активно разговара за ова со партнери, вклучувајќи ги САД, европските земји, Канада и Јапонија.

Зеленски повторно ги повика меѓународните партнери да го зголемат притисокот врз Москва и да воведат дополнителни санкции врз Русија.

Денес, Трамп повтори дека е за директни преговори меѓу Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин и изрази надеж дека војната ќе заврши што е можно поскоро.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести