Членот на Претседателскиот совет на Либија, Муса ал-Кони, оцени дека нападот врз пристаништето во Бенгази претставува „објава на војна против либиската држава“.
Тој побара итна седница на Советот за безбедност на ОН и ставање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на списокот на терористи.
Ал-Кони во соопштението, кое го објави либискиот портал „Ал Васат“, изјави дека Бенгази бил изложен на „отворена воена агресија“.
Според неговите зборови, цел на нападот било пристаништето и неговите клучни објекти, причинета е материјална штета, а повредени се и цивили. Тој смета дека станува збор за директен напад врз суверенитетот, безбедноста и стабилноста на Либија.

„Сметаме дека украинската страна е целосно одговорна за овие терористички акти, за кои украинскиот претседател Володимир Зеленски ја презеде одговорноста, ги објави и се фалеше со нив“, рече Ал-Кони.
Зеленски претходно објави дека украинските поморски беспилотни летала ја потопиле руската корвета „Меркур“ покрај брегот на Либија и го погодиле рускиот товарен брод „МВ Ангара“, кој, според него, се користел за транспорт на оружје.
Ал-Кони ги предупреди украинските власти да не ја претвораат Либија во сцена на меѓусебни конфронтации .
Тој, исто така, најави започнување на правни и дипломатски иницијативи на регионално и меѓународно ниво, вклучително и обраќање до Меѓународниот суд на правдата, Советот за безбедност на ОН и други организации.
Тој побара од Советот за безбедност на ООН итно да одржи седница, да го стави Зеленски на списокот на терористи и да преземе итни мерки за запирање на, како што изјави, нападите.
Тој ги повика Обединетите нации и меѓународните организации да започнат сериозна и транспарентна меѓународна истрага, да ги идентификуваат одговорните и да ги заштитат цивилите и клучните објекти.
