back to top
9.8 C
Skopje
вторник, 13 октомври , 2026

Зеленски одби да оди во Вашингтон

Други наслови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одби да отпатува во Вашингтон за да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за планот за решавање на конфликтот во Украина, наведувајќи ја потребата од темелно разработување на предлозите.

Еден ден претходно, Си-Би-Ес објави дека Зеленски би можел да отпатува во Вашингтон оваа недела за да се сретне со Трамп за да разговара за план за решавање на конфликтот во Украина.

Украинскиот телевизиски канал „Јавност“, повикувајќи се на извор од Белата куќа, во понеделник објави дека за оваа недела не е планирана средба меѓу Трамп и Зеленски.

„Фајненшл тајмс“ објави дека најблискиот круг на Зеленски го предупредува да не го посетува Вашингтон, плашејќи се од нов конфликт со американскиот претседател, што би можело да ги попречи преговорите за мировниот план предложен од САД.

„На Зеленски му беше понудена можност да отпатува кај Трамп оваа недела. Вчера, по завршувањето на преговорите, американската делегација предложи Зеленски оваа недела да отпатува во Вашингтон и да разговара со Трамп за мировниот план. Зеленски одби, наведувајќи ја потребата планот подетално да се разработи и предложи да отпатува следната недела. Затоа, Зеленски најверојатно ќе отпатува во Вашингтон следната недела“, напиша пратеникот на Врховната рада, Олексиј Гончаренко, на Телеграм.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести