back to top
17.8 C
Skopje
сабота, 3 октомври , 2026

Ирански министер за надворешни работи: Трамп предаде сè, ја бомбардираше преговарачката маса од лутина

Други наслови

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека „ја предал дипломатијата и Американците кои го избрале“ со тоа што го започнал нападот во екот на преговорите за нуклеарната програма на Иран.

Арагчи ги даде овие коментари во објава на својот X профил, пренесува Телеграф.

„Кога сложените нуклеарни преговори се третираат како трансакции со недвижности и кога големите лаги ја прикриваат реалноста, нереалните очекувања никогаш не можат да се исполнат“, напиша Арагчи.

„Резултатот? Бомбардирање на преговарачката маса од гнев“, додаде иранскиот министер за надворешни работи.

Потсетуваме дека за време на израелско-американските воздушни напади во Техеран и речиси на целата територија на Иран, ајатолахот Али-Хамнеи беше убиен. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести