back to top
19.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Исчезнатите и убиени научници ја вознемирија Америка: ФБИ започна истрага; Трамп исто така се огласи

Други наслови

ФБИ започна истрага за смртта и исчезнувањето на најмалку 10 научници поврзани со тајни владини проекти.

ФБИ отвори официјална истрага за најмалку 10 случаи на смртни случаи и исчезнувања на важни научници кои биле дел од тајни владини проекти од највисоко значење, пишува „Си-Ен-Ен“.

Нуклеарен физичар и професор од престижниот факултет на МИТ беа убиени пред своите домови во Масачусетс, пензиониран генерал на воздухопловните сили исчезна од својот дом во Ново Мексико, инженер на воздухопловните сили исчезна во Лос Анџелес додека планинареше – ова се само четири од најмалку 10 такви случаи што се случуваат на почвата на Соединетите Американски Држави, што предизвика голема бура, поради што беа активирани ФБИ и Националната безбедност, а за тоа проговори и американскиот претседател Доналд Трамп.

Зборуваме за експерти кои работеле на проекти во областа на нуклеарната енергија, вселенските технологии и во одбранбениот сектор, односно армијата. Трамп рече дека верува оти смртните случаи и исчезнувањата се само „случајност“.

„Мислам дека е случајност, но ќе откриеме сè во следната недела и пол. Неодамна имав серија состаноци за тоа“, им рече Трамп на новинарите пред неколку дена.

Белата куќа официјално не коментираше на бројните прашања од новинарите. Она што е познато е дека Белата куќа учествува во истрагата заедно со ФБИ.

Што се случи со научниците?

Бројни теории на заговор веќе се појавија во одредени медиуми и социјални мрежи. Во некои случаи, според „CNN“, луѓе исчезнале, додека некои наводно извршиле самоубиство.

„Малку е веројатно дека е случајност“, изјави републиканецот Џејмс Комер за „Фокс њуз“.

 Службените лица сè уште не ја потврдиле поврзаноста меѓу случаите. Има многу шпекулации дека националната безбедност на Соединетите Американски Држави наводно е во опасност.

Јавноста е доминирана од теории за можни активности на странски разузнавачи или координирани напади врз научници. Досега нема докази што ги поткрепуваат ваквите тврдења.

Мртвите и исчезнати научници се пензионираниот генерал-мајор на воздухопловните сили Вилијам Нил Мекаскленд, научничката од НАСА Моника Хасинто Реза, надворешниот истражувачки соработник Стивен Гарсија, астрофизичарот Карл Грилмаер, физичарот од МИТ Нуно Луреир, инженерот од НАСА Френк Мејвалд, истражувачот од НАСА Мајкл Дејвид Хикс, фармацевтскиот научник Џејсон Томас, заедно со Мелиса Касијас и Ентони Чавез кои работеа во Националната лабораторија во Лос Аламос.

Националната безбедносна служба и ФБИ истражуваат, а вклучена е и НАСА.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести