back to top
20.8 C
Skopje
вторник, 22 септември , 2026

Италија дели 500 евра годишно: Милиони граѓани добиваат пари за да купат храна

Други наслови

Италијанските министри за земјоделство, труд и финансии денес на јавноста ѝ го презентираа усвоениот пакет помош за граѓаните за следните две години.

Врз основа на овој пакет, 500 евра годишно ќе се исплаќаат за купување прехранбени производи за 1,18 милиони домаќинства со ниски приходи преку посебна картичка. 

Државниот буџет на Италија веќе издвои 500 милиони евра за „Картата посветена на вас“ (Carta Dedicata a Te) за 2026 година и уште 500 милиони за 2027 година, објавува „Sole 24 Ore“.

Корисниците нема да мора да поднесат барање, туку ќе бидат идентификувани врз основа на достапните податоци од страна на Италијанскиот Национален институт за социјално осигурување (INPS) и Националното здружение на општини (ANCI).

Картичката ќе им биде доставена на новите корисници, додека постојните корисници ќе добијат автоматско надополнување.

Споменатата картичка може да се користи за купување широк спектар на прехранбени производи, освен алкохолни пијалоци.

За годините 2026 и 2027 година, можноста за користење на картичката за купување гориво, која постоеше во првите верзии на програмата, беше укината.

Италијанскиот министер за земјоделство, Франческо Лолобриџида, изјави дека фокусот на прехранбените производи имал позитивен ефект и врз домашните производители.

Според него, со текот на времето, околу 90 проценти од корисниците на картички се одлучиле за прехранбени производи произведени во Италија.

Вкупната инвестиција на државата во оваа програма во периодот од 2023 до 2027 година ќе надмине 2,7 милијарди евра.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести