Полскиот премиер Доналд Туск денес апелираше до Полјаците веднаш да го напуштат Иран и да не патуваат во таа земја под никакви околности, бидејќи е многу реално да избувне конфликт.
– Не сакам никого да плашам, но сите знаеме за што зборувам. Можноста за избувнување на конфликт е многу реална . За неколку или неколку десетици часа, евакуацијата повеќе нема да биде опција. Ве молам сфатете го ова сериозно . Имаме претходно искуство дека некои луѓе ги игнорираа таквите апели – рече Туск во градот Желонка.
На тоа место во централна Полска, Туск присуствуваше на тестовите на нови беспилотни системи за оружје заедно со вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Кошњак-Камиш на воениот полигон.
Апел до Полјаците да го напуштат Иран објави и полското Министерство за надворешни работи, а на Полјаците кои долго време живеат и работат во Иран им беше препорачано да избегнуваат собири и места каде што се одржуваат протести.
