Сексуалната активност веднаш по будењето може да има голем број здравствени придобивки, според докторката и експерт за сексуално здравје д-р Фарзана Кан.
Од зајакнување на меморијата и имунолошкиот систем до ублажување на анксиозноста, малку интимност веднаш по изгрејсонцето може да направи чуда за вас .
„Општо земено, сексот е исклучително корисен за кардиоваскуларното здравје, менталното здравје и квалитетот на врската , но тоа не е сè. Докажано е дека го намалува крвниот притисок , го намалува стресот и анксиозноста и помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем“, вели д-р Кан.
Го намалува крвниот притисок
Се смета дека имате висок крвен притисок или хипертензија ако вашите измерени вредности се 140/90 mmHg или повисоки. Високиот крвен притисок е познат како тивок убиец број еден , бидејќи е главен фактор на ризик за кардиоваскуларни заболувања и смртност. Хипертензијата го зголемува ризикот од срцеви заболувања, срцев удар и мозочен удар, како и аневризми, заболувања на бубрезите и деменција.
„Утринскиот секс не е добар само за крвниот притисок, туку може да има и бројни други придобивки за срцето. Сексуалната возбуда го зголемува пулсот, кој е најбрз во моментот на оргазам, што е одлично за вашиот кардиоваскуларен систем “, вели д-р Кан, додавајќи дека мажите имаат особено големи придобивки од сексот, а студиите покажаа дека го намалува ризикот од срцеви заболувања, па дури и рак на простата.

Го намалува стресот
Здравата утринска секс навика може да го подобри вашето ментално здравје со намалување на стресот и анксиозноста. Стресот може да се манифестира на различни начини, од главоболки и несоница до хронична депресија, па дури и сексуална дисфункција. Иако е познато дека стресот го намалува либидото и кај мажите и кај жените, утринскиот секс ја зголемува хормоналната активност, што помага во ублажување на стресот .
Концентрациите на хормони, вклучувајќи го тестостеронот и естрогенот, се природно највисоки и кај мажите и кај жените наутро. Сексот, исто така, помага во лачењето на таканаречените хормони на среќата, окситоцин и допамин, а поголема концентрација на овие хормони значи дека се чувствувате порелаксирано и дека ќе бидете повесели во текот на денот.

Ја подобрува меморијата
Жешките игри рано наутро можат да имаат корисен ефект и врз вашата меморија. Претходните истражувања покажаа дека паровите кои имаат секс барем неколку пати неделно имаат подобри мозочни функции од оние кои ретко имаат секс.
„ Утринскиот секс помага во активирањето на мозокот поради ненадејното лачење на поголема количина хормони во телото. Истражувањата исто така покажаа дека луѓето кои имаат пенетративен секс веднаш по будењето имаат подобра меморија поради зголемената хормонална активност во хипокампусот, делот од мозокот одговорен за учење и меморија“, објасни д-р Кан.

Го зајакнува имунитетот
И на крај, но не и најмалку важно, навиката за водење љубов наутро може да го зајакне вашиот имунолошки систем.
„Сексот наутро значително го зголемува производството на имуноглобулини (IgA) во телото. Овие антитела играат клучна улога во имунолошката функција на мукозните мембрани, па затоа поголемата концентрација на имуноглобулини може да помогне во заштитата од бактерии и болести “, вели д-р Кан, додавајќи дека кога станува збор за имунолошкиот систем, многу е важно да се грижите за себе со здрава исхрана, редовна физичка активност и доволно спиење. Сето ова ќе помогне и на вашето либидо.
