back to top
17.8 C
Skopje
четврток, 24 септември , 2026

Кантонот Цирих одлучи да забрани шамии во училиштата

Други наслови

Циришкиот кантонален парламент во понеделник гласаше за забрана на носење шамија во јавните училишта.

Одлуката дојде по поддршката на иницијативата на Швајцарската народна партија (SVP), која повика на целосна забрана за носење шамија и за наставниците и за учениците, објавува „Телеграф“.

Според СВП, шамијата претставува „симбол на угнетување и политички ислам“, тврдејќи дека нема место во јавните образовни институции. Либералите (ФДП) и другите помали партии, исто така, гласаа за оваа иницијатива.

Од друга страна, социјалдемократите, Зелените и партиите од центарот се спротивставија на тоа, тврдејќи дека оваа мерка ја нарушува слободата на вероисповед.

Владата на кантонот Цирих сигнализираше дека ја поддржува оваа иницијатива пред гласањето во парламентот и сега има две години да подготви конкретен предлог за спроведување на овој закон.

Забраната за носење шамија за наставниците се спроведува и во други кантони како Берн или Женева, додека минатата недела кантонскиот парламент на Аргау донесе слична одлука.

Сепак, вклучувањето на ученичките во оваа забрана останува најконтроверзната правна точка. Во 2015 година, Федералниот Врховен суд, по случајот покренат во градот Сент Маргретен (источна Швајцарија), пресуди дека јавниот интерес – како што се неутралноста на државата или родовата еднаквост – не е правно доволен за да им се забрани на ученичките да носат шамија на час.

Покрај одлуката за верскиот симбол, парламентот во Цирих во понеделник одобри уште една строга мерка за образовните установи: целосна забрана за употреба на приватни мобилни телефони, таблети и персонални компјутери во сите јавни училишта во кантонот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести