Дебелината е комплексна здравствена состојба која не е поврзана со карактерот или недостатокот на дисциплина. Како што објаснува кардиологот д-р Нина Радфорд, „дебелината е хронична, неврохормонална метаболичка болест. Таа не е карактерна маана и не е знак на мрзеливост или недостаток на дисциплина.“ Сепак, важно е да се разбере нејзиното влијание врз здравјето бидејќи вишокот масно ткиво, особено во абдоминалната област, го оптоварува срцето и крвните садови и го зголемува ризикот од висок крвен притисок, лош холестерол и дијабетес тип 2.
Најважната навика што помага и за губење на тежината и за здравјето на срцето е постојаната аеробна активност. Четири лекари се согласуваат дека ова е клучот.
,,Доследноста е многу поважна од интензитетот“, вели д-р Пуџа Гидвани, кардиолог на Универзитетот во Калифорнија, Беркли.
Таа препорачува да се започне со едноставни активности како брзо одење, возење велосипед или пливање и да се фокусира на рутина што можете да ја одржувате долгорочно, наместо веднаш да одите до точка на исцрпеност.
Вежбањето ја подобрува функцијата на крвните садови
Важно е да се постават реални цели и постепено да се гради навиката.
„Најважно е само да се започне и да се биде доследен“, вели лекарката д-р Меган Гарсија-Веб, додека кардиологот д-р Алфред Харли додава дека претерано амбициозните цели честопати водат до откажување.
Дури и неколку минути на ден можат да бидат добар почеток, а д-р Радфорд вели дека вежбањето може да се подели на пократки интервали во текот на денот доколку е потребно.
Редовната аеробна активност со текот на времето го подобрува здравјето на срцето и целокупното здравје. Како што објаснува д-р Харли, „со текот на времето, го намалува срцевиот ритам во мирување, го намалува крвниот притисок, ја подобрува чувствителноста на инсулин и нивото на холестерол“. Покрај тоа, д-р Гидвани истакнува дека позитивните ефекти започнуваат дури и пред видливото губење на тежината, бидејќи вежбањето ја подобрува функцијата на крвните садови и метаболизмот.
