back to top
6.8 C
Skopje
вторник, 29 септември , 2026

КАТАСТРОФНИ ПОПЛАВИ, ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ БЕГААТ! Бројот на загинати се зголеми на 46, 21 лице се водат како исчезнати! Објавени се страшни видеа од Бразил

Други наслови

Поплавите и лизгањата на земјиштето раселија околу 3.600 луѓе во градовите Хуиз де Фора и Уба , оддалечени околу 110 километри, додека 21 лице сè уште се водат како исчезнати. Бројот на луѓе што загинаа во поплавите во Бразил , во сојузната држава Минас Жераис , се искачи на 46 .

Бразил.png

Семејна трагедија

Жителот на Хуиз де Форе, Рикардо Дутра, доби сочувство од роднини и пријатели за време на погребот на неговиот 11-годишен син, Бернардо Лопез Дутра. Во исто време, тој се грижи за својата ќерка и сопруга, кои се хоспитализирани.

– Се обидувам да ги соберам парчињата од мојот живот – рече тој.

Чувство на беспомошност

Додека дождовите се смируваа во вторник вечерта, властите и волонтерите им помагаа на жителите кои останаа без домови и најблиски.

Градоначалничката на Хуиз де Форе, Маргарида Саломао , ги повика луѓето што живеат во ризичните подрачја да ги напуштат своите домови и да побараат помош во засолништата организирани од градската администрација, додека во градот сè уште е на сила состојбата на природна катастрофа .

Федералната влада на Бразил ја забрза испораката на хуманитарна помош и медицински екипи во погодениот регион, се вели во официјално соопштение.

– Без разлика колку се трудите, во еден момент се чувствувате немоќни. Гледате луѓе заробени во урнатините и сфаќате дека не можете да направите повеќе, вашата помош има граници – рече Налван Луиз, пријател на семејството Дутра.

Највлажниот февруари во историјата на градот

Летниот период во Бразил, од декември до март, е обележан со интензивни врнежи од дожд, бури, поплави и лизгање на земјиштето.

Градските власти на Хуиз де Форе објавија дека ова е највлажниот февруари во историјата на градот, при што количината на врнежи од дожд е веќе повеќе од двојно поголема од очекуваната за овој месец.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести