back to top
15.8 C
Skopje
понеделник, 23 ноември , 2026

Квентин Тарантино го доби своето трето дете на 64-годишна возраст

Други наслови

Познатиот режисер Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела Пик Тарантино го добија своето трето дете, момче, открива ексклузивно списанието „Пипл“.

Режисерот Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела Пик го добија своето трето дете , момче. Славниот режисер има 63 години, додека неговата сопруга, израелска пејачка и актерка, има 43 години.

Веста ја потврди претставник на двојката за списанието People, откривајќи дека двојката е пресреќна .

Името на новороденчето, како и датумот на раѓање, засега не се објавени . Соопштението беше придружено со фотографии од родителите, но немаше фотографии од бебето.

„Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниел Пик се пресреќни што го објавуваат раѓањето на нивното трето дете, момче“, изјави портпаролот на Квентин за списанието.

Квентин Тарантино го доби своето трето дете на 64-годишна возраст

Наградуваниот режисер и Даниела, пејачка и модел, веќе имаат шестгодишен син, Лео, и четиригодишна ќерка, Адријана .

Квентин Тарантино го доби своето трето дете на 64-годишна возраст

Квентин ја запознал Даниела (43) за прв пат во Израел во 2009 година , кога промовирал еден од своите проекти. Тие започнале врска, но раскинале по неколку години.

Двојката повторно се зближи околу 2016 година и се сврши во летото 2017 година . Тие се венчаа во ноември следната година, на интимна церемонија во нивниот дом во Лос Анџелес.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести