back to top
31.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Кина отвора фабрика што може да произведува хуманоиден робот на секои 10 минути

Други наслови

Кинеската компанија UBTECH отвори фабрика во Лиуџоу која, според плановите, би можела да произведува повеќе од 10.000 хуманоидни роботи годишно.

Станува збор за објект со површина од 14.000 квадратни метри, а компанијата наведува дека со предвиденото темпо, можно е да се состави еден робот за приближно 10 минути.

Фабриката ќе произведува индустриски роботи од семејството Walker S, како и модели од серијата Cruzr, првенствено наменети за индустриско производство и логистика.

Локалните власти го опишуваат објектот како прва специјализирана паметна фабрика во светот за индустриски хуманоидни роботи. UBTECH соработуваше со Siemens во развојот на производствената платформа, со цел да се воспостави дигитален систем за управување со производството.

Во декември 2025 година, компанијата објави дека од производствената линија во Лиуџоу излегле 1.000 примероци од моделот Walker S2, за што ѝ биле потребни околу половина година. Walker S2 е висок 1,76 метри и е развиен за работа во производствени средини, каде што може да се движи самостојно, да ракува со товари, да комуницира со производствена опрема и да соработува со други роботи.

Исто така, опремен е со автономен систем за замена на батерии, што овозможува континуирано работење без застој поради полнење.

„Вокерот“ веќе се користи во кинеската автомобилска индустрија, вклучувајќи ги и производствените линии на „Донгфенг Лиуџоу мотор компани“, каде што се занимава со движење, сортирање и испорака на компоненти.

Според официјално наведените задачи, овие роботи треба да се користат за патролирање и инспекција на контролни пунктови, управување со толпи на граничните премини и логистички задачи.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести