Кире Ѓорѓиевски почина во затворот во Штип, потврди за МВР директорот на Воспитно-поправниот дом во Штип, Дејан Здравков.
Тој рече дека во моментов не може да сподели повеќе информации, бидејќи чекаат упатства од Основното јавно обвинителство.
Инаку, Ѓорѓиевски е еден од осудените за 27 април, а беше осуден на 13 години затвор.
Информациите за смртта на Ѓорѓиевски се шират на социјалните мрежи.
