back to top
26.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Колапс во Приштина! Градоначалникот објави: Ситуацијата достигна критично ниво

Други наслови

Градскиот превоз беше суспендиран денес во Приштина, откако компанијата „Трафику Урбан“ го прекина сообраќајот на сите линии поради финансиски тешкотии предизвикани од блокадата на буџетот на Општина Приштина .

Некои приватни транспортни линии, исто така, објавија прекин на работата, објавува „Економија онлајн“.

Градоначалникот на Приштина, Перпарим Рама, изјави дека ситуацијата достигнала критично ниво и дека граѓаните се изложени на ризик како никогаш досега, како и дека буџетот е блокиран од политички причини.

Тој рече дека градот поднел кривична пријава против министерот за финансии на привремените установи во Приштина, Хекуран Мурати, за кршење на законот.

Компанијата „Урбан сообраќај“ во соопштението наведува дека прекинот на сообраќајот е поради финансиски тешкотии и недостаток на гориво, како и дека ќе продолжи со нормално работење веднаш по исплатата на средствата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести